Лејла Рамковска
Јас сум Лејла, посветен јога инструктор со 10 годишно искуство. Посветена и кон своето здравје но најмногу кон пренесување на своето знаење со тебе. Имам 38 години, 2 деца и премногу обврски. Во текот на сите овие години занимавајќи се со здравјето на моето тело, ум и срце сфатив колку е важно континуирано и “паметно” вежбање. Ретко кои имаме време да се посветиме повеќе саати на ригорозно и напорно вежбање, затоа тренинзите го креирам така што би можела и ти, колку и да си уморна и денот ти бил полн со обврски, сепак да ти биде изводливо да ги извежбап моите тренинзи. Така ќе бидеш покреативна, порелаксирана и твоите обврски ќе ги извршуваш на полесен начин. А да не заборавиме дека ќе изгледаш прекрасно, одвнатре и однадвор ✨💕
Showing all 5 resultsSorted by latest