Hormonal Balance

Дали ве мачат овие симптоми предизвикани од стресот на секојдневниот живот и хормоналниот дисбаланс?

  • Надуеност
  • Отоци
  • Локализирани масти околу стомакот
  • Лош сон
  • Намалена енергија
  • Безволност

Конечно, ослободи се од овие тегоби!

980 ден

Оваа програма е за мажи и жени кои конечно сакаат да ја променат оваа состојба.

Зачлени се и добиј:

  • 7 тренинзи кои го опфаќаат целото јадро, јога час за детокс и јога час за намалување на стресот,
  • 5 едукативни видеа со нутриционистот Сашко Дрвошански, од кои ќе дознаете што предизвикува хормонален дисбаланс и зголемена тежина,
  • Разговор со Емел Рамковска за перименопауза и менопауза,
  • Попусти од 20% на најбараните производи за слабеење и регулирање на хормоналниот баланс од Натура Терапи и Ад Астра
Час1. Детокс

За убав почеток, почнуваме со детокс јога час и припрема за тренинзите кои следат.
Започнете со овој час на празен стомак, во комбинација со детокс исхраната.

Час2. Вежби за рамен и затегнат стомак

Едни од најефикасните вежби за тонирани стомачни мускули кои ги практикуваме во јога часовите. Работиме со инверзии во куче горе и делфин.
Овие тренинзи се прикладни и за почетници, а оние кои имаат повеќе време и енергија може да ги повторат во две или три серии.

Час3. Бомбастичен тренинг

Краток но сладок тренинг од кој добро ќе се испотите!
Чувајте го овој тренинг за денови кога сакате да додадете малку кардио.
Ви препорачуваме да го повторите два, до три пати неделно.

Час4. Стоечки вежби за тониран стомак

Постигнете баланс, фокус и контрола над телото и умот, со овие стоечки јога вежби каде сме приморани да го свртиме целосно вниманието на себе.
За тоа ни е потребно силно јадро.
Дишете, сконцентрирајте се и уживајте во ефектот потоа...

Час5. Брзо зацврстување на долниот дел од стомакот

Една од најпроблематичните области за тонирање на телото повеќе нема да биде проблем!
Крарки но ефектни тренинзи коо можете да ги повторувате и три пати неделно.

Час6. Пленкови за активација на целото јадро

Омилени вежби со сопствена тежина, на поголемиот дел од нашите групи.
Пленкот го активира целото јадро вклучувајќи ги стомачните, страничните стомачни и долниот грб.
И не само тоа! Преку различни варијации на пленк, ќе ја зголемите сопствената издржливост и сила, не само на телото туку и вашата психа.

Час7. Јога за мир во себе

Прекрасен час кој ќе ви биде како подарок за вложениот труд.
Ослободете со од стресот, вдишете и издишете со нас...
Ги релаксираме мускулите кои ни работеле во претходните тренинзи.
Следи и една техника за дишење и инструкции како да си направите самите масажа на стомакот кога ви е подуен.
Уживајте, заслужено...

1. Разговор со Сашко Дрвошански

Кои се главните причини кои доведуваат до надуеност, отоци, масти околу стомакот и покачена телесна тежина поради хормонален дисбаланс?
Како да ги препознаеме симптомите и на кои се начини можеме да си помогенеме?
Одговори на овие прашања но и многу повеќе имформации, ќе ги пронајдете во овие разговори со нутиционистот Сашко Дрвошански.

2. Стресот како еден од главните фактори

Секојдневието ни е полно со стрес. Тој е еден од главните фактори кои доведуваат до надуеност, отоци, масти околу стомакот и покачена телесна тежина поради хормонален дисбаланс.
Која улога ја игра кортизолот во создавање на сите овие тегоби и на кои се начини можеме да си го регулираме целиот наш нормоналниот систем?
Одговори на овие прашања но и многу повеќе имформации, ќе ги пронајдете во овие разговори со нутиционистот Сашко Дрвошански.

3. Кој тип на физичка активност ни е потребна

Што кога немаме време и енергија за долги и напорни тренинзи?
Која физичка активност е препорачана за истовремено регулирање на стресот, килажата и хормоналниот баланс?
Најдете ги одговорите на овие прашања во ова видео.

4. Што е тоа перименопауза?

На која возраст може да се појави перименопаузата и кои се првите знаци?
Што значи оваа фаза за една жена?
Како треба да се пречека оваа транзиција во животот на жената?
Пронајдете ги одговорите на овие прашања но и многу повеќе во ова видео.

5. Детокс исхрана

Како да го исчистиме нашиот метаболизам и да го поттикнеме да работи поактивно?
Детокс начин на исхрана ќе ви помогне на самиот почеток од оваа програма, да ги постигнете најбргу посакуваните резултати!
Погледнето го ова видео за да дознаете,
што треба да исфрлите,
а што треба да додадете во вашата секојдневна исхрана.

Разговор со Емел Рамковска

Како да ја поминеме полесно фазата на перименопауза или менопауза?
Во овој разговор, споделуваме свое лично искуство на кој начин си го одржуваме животот во баланс,
секојдневни и едноставни чекори со кои ќе се ослободите од надуеноста
но и стресот кој го носи тоа.

Често Поставувани Прашања

На кого му е потребна оваа програма?

На сите што сакате да тонирате тело, да стекнете сила и флексибилност со мојот метод кој го применувам на себе веќе 10 години. Целта ми е да вежбаме паметно и свесно, без брзање, стекнувајќи и мир во душата и телото.

Дали програмата е прилагодена за почетници?

Да, вежбите се со умерена динамика, со јасни инструкции за изведување на истите, давајќи и модификација за полесно изведување на одредени позиции.

Откако ќе ја купам програмата, колку време ми е достапна?

Програмата ќе ти биде достапна еден месец од датумот на уплата.

Како можам да ја купам?

Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница. Уплата можеш да извршиш иако живееш во странство.

Дали ми треба фитнес опрема?

Фитнес опрема не е потреба, бидејќи работиме исклучиво со своја тежина. Но, потребна ти е подлога на која нема да се лизгаш.

Искуства