Zen Yoga
Драги почетници и сите оние кои сакаат целосно да се релаксираат но и да го раздвижат целото тело за да му дадете виталност, оваа програма е креирана токму за вас!
Ова е продолжение на Е-книгата “Вовед во јогата” , како целосно надополнување со комплетни, водени зум јога часови.
Доколку се двоумевте, дали би можеле да ги следите часовите поради тоа што немате добра флексибилност, овие часови ги искреирав, да можете постепено и со умерена динамика да си ја подобрите својата флексибилност, а со тоа вашето здравје.
980 ден
Со отклучување на оваа Zen Yoga програмата, добивате:
- Водени видео часови од 30 до 40 минути: Пристап до детални видео упатства водени од искусни инструктори, кои ги објаснуваат основните јога пози и техники.
- Флексибилност: Можете да ги следите часовите во своето време и на своето темпо, од удобноста на вашиот дом.
- Поддршка од инструктори: Можност за консултации со инструктори преку е-пошта.
- Доживотен пристап: Овој купен курс останува достапен засекогаш, овозможувајќи ви да се навратите на материјалите кога сакате.
Купувањето на онлајн зен јога курс за почетници ви нуди целосно интегрирано искуство кое ќе ви помогне да го започнете вашето јога патување на најдобар можен начин.
Често Поставувани Прашања
На кого му е потребна оваа програма?
На сите што сакате да тонирате тело, да стекнете сила и флексибилност со мојот метод кој го применувам на себе веќе 10 години. Целта ми е да вежбаме паметно и свесно, без брзање, стекнувајќи и мир во душата и телото.
Дали програмата е прилагодена за почетници?
Да, вежбите се со умерена динамика, со јасни инструкции за изведување на истите, давајќи и модификација за полесно изведување на одредени позиции.
Откако ќе ја купам програмата, колку време ми е достапна?
Програмата ќе ти биде достапна еден месец од датумот на уплата.
Како можам да ја купам?
Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница. Уплата можеш да извршиш иако живееш во странство.
Дали ми треба фитнес опрема?
Фитнес опрема не е потреба, бидејќи работиме исклучиво со своја тежина. Но, потребна ти е подлога на која нема да се лизгаш.
Искуства